Моментално најпопуларниот брачен пар во Хрватска, Петар Грашо и Хана Хуљиќ, чекаaт девојче, а како што дознава „РТЛ Ексклузив“, малечката ќе се вика Алба.

Нивното прво дете треба да дојде на свет на 23 јули, а според хрватскиот магазин, Грашо нема да присуствува на породувањето зошто има закажан настап на „Фјужн“ фестивалот во Сплит.

Хрватските медиуми потсетуваат дека и Данијела Мартиновиќ, поранешната партнерка на Грашо, сакала да го крсти нивното дете Алба.

Синот ќе биде Тони, тоа се знае, по покојниот дедо на Петар, а за девојче имаме две имиња. Прво мислев Луце, бидејќи тоа ми е вистинско далматинско, наше име, а така се викаше и мојата покојна баба, но кога го слушнав името Алба, бев многу возбудена бидејќи Алба на италијански значи зора, ми е убаво и необично, и блиско до нас и различно име, изјави Данијела пред осум години за „Ин Магазин“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.