Како дел од негувањето на сеќавањето на ликот и делото на Џорџ Балашевиќ, неговата сопруга Оливера Балашевиќ (62), со поддршка и помош на ќерките Јелена и Јована и синот Алекса, продолжува да го презентира богатото уметничко наследство на познатиот новосадски поет и кантавтор.
Ќе биде претставено новото издание на стихозбирката на Џоле „Допирот на свила“, која ќе биде збогатена со необична интимна преписка меѓу сопружниците. На промоцијата, која семејството ја закажа за 29 април, присутните ќе уживаат и во песната на Џоле.
Оливера Балашевиќ изјави дека семејството го осмислило претставувањето на книгата во нивниот дом на улицата Јована Цвијиќа во Нови Сад.
– Како голема серенада. Темпото на промоцијата ќе го диктира ритамот на избраните песни што ќе се пуштаат, а приказната на Џоле за серенадата ќе се слушне, за прв пат, од семејната архива-вели Оливера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.