Популарната српска пејачка, Анастасија Ражнатовиќ, побјави серија фотографии во светкава бела венчаница и по тој повод ја оправда титулата една од најубавите дами на српската естрадна сцена, но истовремено ја заинтригира и јавноста, која се прашува на што се должи нејзиното свадбено издание.

Блескавото појавување во бело на Анастасија се должи на фотосесијата за потребите на магазинот „Wedding“, којашто ја воодушеви јавноста со нејзиниот совршен изглед и убавина.

Анастасија одлично се снајде во улогата на невеста, менувајќи неколку модели кои одлично и прилегаат. Облечена во бело блесна, а многумина заклучија дека кога ќе дојде време ќе биде прекрасна невеста, но и коментираат дека таа изгледа како вистински топ-модел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.