Оваа година, на 19 јуни не очекува уште едно одлично издание на реномираниот фестивал за народна музика , „Прилеп Фест 2024“.

Деветотто издание на фестивалот традиционално ќе се одржи во домот на културата, „Марко Цепенков” во Прилеп, каде учество ќе земат најпознатите музички имиња од фолк сцената, а се очекуваат гости и од соседните земји.

Се разбира, шанса ќе добијат и новите музички надежи, бидејќи овој фестивал е одлична можност за афирмација пред љубителите на фолк музиката и широкиот аудиториум.

„Ветуваме одличен фестивал, одлични композиции и најважно пред сѐ, дружење и забава. Ќе настапат познати музички ѕвезди, па за тоа нема да не чуди ако влезниците како и минатите години се распродадат во рекордно време. Оваа година не очекуваат новитети, но рано е уште од сега да откриваме“, велат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.