Ламбе Арнаудов
Деновиве, мојот прекрасен роден град Охрид беше брутално пислослан, изгнасен од несмасните шовинистичко-фашизоидни изјави на една непресметлива политичарка во која е вграден и фашистички но и болшевистичко живковистички код, денес непримерен и неприфатлив во животот што го живееме на овие клети балкански простори. Дури и ако се прашуваат луѓето, а не политичарите, такво нешто и НИКОГАШ немало.
Госпоѓо Јотова, во однос на создавање нација, универзалното право на самоопределување, човечки права и слободи, самоизјаснување и демократија, ти си сé уште во ПРВО одделение и тоа неколкукратен повторувач.
Сама себе се негираш со својата изјава, а и грубо го навредуваш твојот народ, кога правиш споредба за состојбите во Бугарија и Македонија.
Зборуваш дека ние сме повеќенационално устроена држава и Уставот и Законите ни биле такви и потоа продолжуваш: Во Бугарија со ЗАКОН се забранети МАЛЦИНСТВА.
Со ова кристално јасно и потврдуваш и се согласуваш дека МАЛЦИНСТВА во Бугарија и те како ПОСТОЈАТ и ги има многу, ама сиротите се онеправдани и асимилирани од вашата фашизоидна шовинистичко надрасната и крајно неприфатлива осамена, срамна политика, смислена, поточно кажано турена во вашите празни глави.
Не оди подалеку од своето семејство. Со него ручаш, го делиш брачниот кревет, твојот почитуван сопруг кој исто така, од таквите како тебе, е асимилиран Бугарин, а е Грк или Влав, тој си знае ама нема што да прави.
Госпоѓо Јотова, јас никогаш како тебе, нема да го негирам постоењето на бугарскиот народ, ниту ми паѓа на памет да се сомневам во постоењето и посебноста на било кој народ, не ги осудувам и ги прифаќам чувствата на малиот број Македонски Бугари. Нивно право е да се чувствуваат така.
Но, госпоѓо Јотова во Македонија се изјасниле слободно демократски за Македонски Бугари, 0,2% од населението во Република МАКЕДОНИЈА.
Научниците хемичари, да те потсетам сигурно не знаеш, правејќи анализа на хемискиот состав на ПАТЛИЏАНОТ утврдиле дека во неговиот состав има и 0,2% маст.
Е, овие 0,2% не го прават свинска, овча, кравја или растителна МАСТ, тој си е 99,98% ПАТЛИЏАН.
Затоа госпоѓо Јотова те уверувам дека или сте вонземјани кои многу често за да го задоволите вашето преголемо ЕГО се прикажувате крајно будалесто или многу поверојатно сте фашисти што е потврдено, и во вашата национална историја и во севкупната светска историја и историографија.
Во светот имало и други фашистички народи, но сите се одрекнале од него за навек. За жал кај вас се возобновува, се доградува и функционира.
Не само кон нас МАКЕДОНЦИТЕ.
Нé има и во Бугарија и тоа многу.
Врати се половина век назад низ историјата. Благодарение на победата над фашизмот во Бугарија цела ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА беше МАКЕДОНИЈА со МАКЕДОНСКИ НАРОД кој зборува МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. Учеа, се образуваа на мајчин јазик и културно твореа и се воздигнуваа.
Првиот апокалиптички поход на озлогласениот болшевик Тодор Живков беше вперен уште од самиот почеток, приграбување на апсолутно автократски на власта во неговите раце, кон МАКЕДОНСКИОТ НАРОД во нашиот ПИРИН.
Бруталниот антимакедонски, шовинистичко асимилаторски и крајно неправеден и недемократски атак врз нашите сограѓани во ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА спречи тој дел да си биде составен со својата мајка МАКЕДОНИЈА.
Истото го направи и под РОДОПИТЕ со турското население, со влашкото згора преку Дунав, со грчкото на границата со Грција и со српското население.
Госпоѓо Јотова! Во Бугарија има многу МАЛЦИНСТВА. Секако МАКЕДОНСКОТО е најбројно. Што побргу тоа го сфатите полесно ќе се отрезните, оти тоа е благодат за Бугарија. Во спротивно многу скоро ќе се соочите со состојби кои не ви одат во прилог како држава полноправна членка на НАТО и ЕУ.
Постојано тврдите дека МАКЕДОНИЗМОТ е теорија на заговор на српско-шовинистичката комунистичка идеологија, особено зајакната по Втората светска војна против Бугарија, што е апсолутна невистина и голем БЛАМ за вас.
МАКЕДОНСКИОТ СЕПАРАТИЗАМ како што вие во Бугарија милувате да го наречете, што не е точно, туку е научно докажано самоосвестување на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД против вашата прикриена и вешто пласирана лага за наводна грижа за Македонците и со право се нарекува МАКЕДОНСКА КАУЗА е започната и развивана токму во Бугарија пред повеќе од столетие и пол.
Ве прочитаа МАКЕДОНЦИТЕ.
Лажна е љубовта, секогаш била и сé уште трае интересот главен и основен, да нема МАКЕДОНЦИ во Бугарија, да нема МАКЕДОНЦИ во МАКЕДОНИЈА и да нема држава МАКЕДОНИЈА, зошто крајна цел ви е и нашата територија. Само сонувајте, ќе видиме која територија и на кого му припаѓа. Сигурно МАКЕДОНИЈА ќе ви остане само никогаш неисполнет СОН, а за другото ќе видиме, времето ќе покаже.
Ова декадентно живеење кај Балканските народи, и во Европа и сиот свет наскоро ќе биде заменето со многу похумано и подемократски организирани општества во кои луѓето ќе го живеат слободно во благосостојба, мирен и спокоен, животот што е должност на сите луѓе во светот.
Во тој благороден свет ќе нема место за предавници и кукавици.
Предавниците ќе бидат осудени со најстроги казни зошто ако не биде така, државата што им простува на предавниците ќе ја СНЕМА.
Хероите ќе ги прегазат кукавиците бидејќи колку и да е тежок, трнлив и болен нивниот пат, ТИЕ, ХЕРОИТЕ не се откажуваат за разлика од кукавиците кои пред најмалиот предизвик се кријат во глувчешки дупки, и дај Боже никогаш да не излезат.
Без нив светот ќе е многу ПОДОБАР.
НОВА РЕНЕСАНСА за НОВ ЖИВОТ.
Бугарија со вакво неконтролирано минато, без контрола и компас во сегашност е без шанси да ја контролира и иднината. Не припаѓа ни на ренесансата ниту пак на новиот свет.
Госпоѓо Јотова, навистина си првоодделенка, повторувачка повеќекратна и без контрола на ништо. Еве зошто.
Нација не се создава со укази, закони, декрети и Устав. Со нив демократските општества, напротив, го потврдуваат постоењето на народи и малцинства гарантирајќи ги, почитувајќи ги како меѓусебно еднакви и со исти права.
Нација се прави со векови, со мешање, со самоосознавање и истакнување на одредени особености, јазик, култура, творештво, трае со години, десетлетија и векови и никогаш не е посве чиста.
Тоа постои само во главите на малоумни, заведени, неспособни таканаречени елити, сите со заеднички именител – ФАШИСТИ.
Кој не го контролира минатото, тој не може да ја контролира ни иднината.
Лидерот ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ и ВМРО-ДПМНЕ, за среќа на МАКЕДОНИЈА, оваа исклучително значајна контрола ја има апсолутно содржано во својата идејна програма и за минатото и за иднината.
МАКЕДОНИЈА не е рамо за плачење.
МАКЕДОНИЈА има длабоки корени, исконско потекло, раѓала синови достојни да ја одбранат нејзината чест. Така било, така ќе биде сега и во иднина. И затоа е јака, силна, непобедлива.
А, за предавниците и кукавиците, повеќемина од нив, за жал, актуелни и поранешни премиери, претседатели и министри од МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ќе бидат презрени и отфрлени, а и тие сами ќе се закопаат во јамата што ја отворија за МАКЕДОНИЈА.
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.