Научниците постојано ја поврзуваат крвната група со одредени карактеристики и однесување. Па, така, според германските научници најстрасните љубовници ја имаат групата А, додека мажите со Б групата се најверните и најсигурните партнери.

Но, научниците од Универзитетот во Турција спроведоа ново истражување за да ја откријат врската помеѓу крвната група и каков љубовник ќе биде мажот. Но, не само тоа! Научниците од Турција веруваат дека потенцијата на мажот зависи од неговата крвна група.

Според нив, мажите со крвна група А, Б и АБ имаат четири пати поголеми шанси да патат од еректилна дисфункција во одреден период од животот. Истражувањата покажаа дека мажите со нулта крвна група се најдобри љубовници, според овој критериум.

Истражувањата покажаа дека 42 отсто од оние со крвна група А имаат одредени проблеми за време на интимните односи, додека тоа е забележано само кај 16 отсто од мажите со нулта крвна група. Љубовниците со нулта крвна група се страсни во кревет, водат љубов со часови се многу „дарежливи“ во креветот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.