Жена која излегува исклучиво со оженети мажи, открива кои реченици мажите најмногу им ги соопштуваат на своите сопруги кога ги изневеруваат.

Ејми Капс (32) од Северна Каролина излегува исклучиво со оженети мажи, а како што открива, таквата одлука ја донела кога дознала дека сопругот ја изневерува. Според неа, постарите мажи, кои се чувствуваат запоставено од своите сопруги, се повеќе склони кон романса и „диви“ сексуални односи.

Тие што вртшат неверство се возбудени во креветот, најмногу затоа што не се среќни со години, па се подготвени да направат се што е потребно за да ме возбудат. Ми се допаѓаат мажи во доцните 30-ти или 40-ти, бидејќи се многу поромантични, финансиски стабилна и поискусни во кревет – вели Ејми и додава дека туѓите сопрузи трошат повеќе на неа отколку на своите сопруги.

Ејми не крие дека ужива во подароците и парите што и ги даваат оженетите мажи. Таа вели дека месечно добива по околу 45 илјади евра подароци и дека не жали што има афери со нив. Според неа, најчеста причина зошто мажите изневеруваат е сексот, а потоа вели дека сопругите самите се виновни затоа што не успеале да го „одржат задоволството во спалната соба“.

Оженетите мажи сакаат да ја пополнат празнината што не ја добиваат од сегашната партнерка и тоа многу ме возбудува. Мислам дека никој не треба да го изневерува својот сопружник, но кога љубовта ќе заврши, ќе заврши. Понекогаш сакаат да зборуваат за работи и лелекаат, па плачат. Честопати се чувствувам како терапевт. Понекогаш ги советувам дека ако нивната врска е толку нездрава што изневеруваат, во ред е да продолжат понатаму – вели таа.

Сепак, затоа што и самата била жртва на неверство, Ејми вели дека одлучила да ги разоткрие мажите кои изневеруваат, поради што, ги објавува речениците коишто се најчест машки изговор кога се со друга жена.

* Вечерва се среќавам со другар на кратка пијачка, но не ме чекај, можеби ќе се задржам.

* Имам закажано и/или патување цела недела поради работа.

* Имам нова кредитна картичка, но таа ми е од работа.

* Не ми се јавувајте на службениот телефон, газдата ќе се нервира ако одговорам на лични повици.

Ејми вели дека кога мажите кажуваат дека остануваат на пијачка, на тој начин се сигурни дека можат да се вратат дома кога сакаат. Доколку вашиот партнер не патува, обрнете особено внимание на „ненадејните патувања“. Новата кредитна картичка најверојатно е наменета само за љубовницата, а доколку не смеете да му се јавите на сопругот додека „работи“, тогаш имате аларм за предупредување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.