Велат дека мажите мислат на секс на секои 20 секунди, па токму затоа им е мошне тешко да останат без односи подолг временски рок.

Питер Лајнег (34) го направи незамисливото и апстинираше од секс една година. Тоа што почна како облог со цимерот, заврши со донација од 50 илјади долари за добра кауза. Тој ги употреби парите за да им помогне на девојчињата во Камбоџа, кои се жртви на сексуална трговија.

Една година без секс е навистина голем предизвик. Питер открива детали за своето уникатно искуство и како апстиненцијата од секс влијаела врз неговиот живот.

Пред да почнам со предизвикот собирав најразлични девојки. Ми се случуваа премногу нешта и сакав да направам пауза.

 

Многу девојки знаеја што правам и намерно сакаа да ме одвлечат в кревет. Неколку пати бев излезен со момците, па мораа да ме собираат. Сè си оди рака под рака. Пиењето, излегувањето сето тоа е дел од шемата.

 

Почнав да излегувам со една девојка. Претходната година не сакаше ништо со мене бидејќи сакав да ја легнам, но кога не можев да го направам тоа ѝ станав интересен. Многу бев исфрустриран затоа што бакнувањето води кон секс. За малку ќе раскиневме. Си велев „гајле ми е за каузата“ бев како опседнат, психологијата и биологијата ме надвладеаја. Мило ми е што таа ме запре.

 

Можев да мастурбирам, но направив експеримент и престанав и тоа во тек на три месеци. Полудев, нагонот ми скокна до плафон. Го препорачувам тоа. Тоа е одличен начин за менување на фокусот на енергијата.

 

Доживеав спиритуална промена. Медитацијата ми го промени животот. Видов цитат од Далaј Лама, кој вели дека ако секое осумгодишно дете научи да медитира, мирот во светот ќе настапи по една генерација и тоа ми даде инспирација.

 

На новогодишната ноќ решив да бидам трезен и да не спијам со никого и покрај тоа што сите ме прашуваа што ќе плеснам. Поминав низ едно духовно патување и ги гледав нештата на поинаков начин. Почекав уште четири дена пред да имам секс, а потоа сосема се отпуштив.

 

Мислев дека од прва ќе соберам некоја девојка од клуб, но сè беше поинаку и беше навистина добро.

 

Сега се гледам со една девојка и нештата се поинакви од порано. Морав да се соочам со демоните од минатото, кои, во суштина, беа причината поради која постојано спиев со различни девојки. Морав да изградам однос самиот со себе и тоа од сосема нова гледна точка. Сега сум пореален и имам поголема поврзаност и длабочина во моите врски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.