Во период од 11 до 17 април 2022 година во Македонија се пријавени два смртни случаи од  ковид-19, покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Починатите пациенти се од Скопје и Демир Хисар. Двата регистрирани случаи се на возраст над 60 години.

Извештајот покажува дека во државата се присутни BA.1 и BA.2 подваријантите на oмикрон.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 55 лица или 12,7% помалку, од нив 21 се на кислородна поддршка поточно 16% помалку и нема пријавено лица на механичка вентилација идентично како претходна недела.

Во периодот од 11 до 17 април тестирани се 12.663 граѓани, што е намалување од 12,3 проценти во однос на претходната недела. Регистрирани сe 806 нови позитивни од 27 градови во државата, со намалување од 26,9 отсто. Процентот на позитивност се движи околу 5,9.

Во однос на претходната недела, се регистрира намалување кај сите возрасни групи, а најзабележително намалување во споредба со минатата недела се забележува кај возрасната група 0-9 години.

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 1.108 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 25,9% помалку во споредба со минатата недела.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 130 реинфекции, со намалување од 24,9% во однос на претходната недела.

Заклучно со 17.04.2022, пријавени се вкупно 308.620 случаи на ковид-19. Најголем дел од заболените се регистрирани во Скопје, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово и Кавадарци, а највисок морбидитет е регистриран во Кавадарци и Скопје. Највисок морталитет се регистрира во Охрид, Кавадарци и Прилеп. Највисок леталитет се регистрира во Струга и Крива Паланка.

Заклучно со 17.04.2022, регистрирани се вкупно 12.265 (4 %) реинфекции. Од реинфекциите, 20 завршиле со смртен исход.

Регистрирани се 9.262 смртни случаи. Од смртните случаи, 762 (8,2%) починале во вонболнички, а 8.500 (91,8%) во хоспитални услови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.