Германскиот министер за здравство и епидемиолог Карл Лаутербах е сигурен дека во септември не чека нова, опасна варијанта на коронавирусот. Германскиот министер за здравство и епидемиолог Карл Лаутербах откри дека очекува да добиеме многу заразна варијанта на омикрон, која е смртоносна. Како што рече, најверојатно ќе биде заразна како омикрон, и смртоносна како делта.

Ќе добиеме вакцина која штити од варијантата омикрон. Тоа го очекуваме во септември. Целта ни е да имаме доволно вакцини за секој граѓанин, без разлика која варијанта доаѓа, изјави епидемиологот за „Берлинер Цајтунг“.

Неодамна се појавија два нови соја на корона, а според германскиот министер, во моментов се
развиваат различни подваријанти на омикрон кои предизвикуваат загриженост.

Тоа значи дека сè помалку сме способни да се подготвиме за мутации. Сосема е можно да
добиеме многу заразна варијанта на омикрон, смртоносна како делта. Тоа би била апсолутно„убиствена“ опција, објаснува епидемиологот.

Ситуацијата повторно ќе се промени наесен. Тогаш ќе се зголеми бројот на случаи, тогаш веројатно ќе се појават нови мутации или нагло ќе се зголеми бројот на случаи со омикрон инфекции, изјави Карл.

Тој исто така смета дека ваквиот развој на настаните е последица на одбивањето на
задолжителната вакцинација.

Неуспехот на задолжителната вакцинација беше горко разочарување. По доброто лето,
големиот јаз во вакцинацијата може да значи тешка есен. Тогаш многу научници очекуваат нови бранови, нагласи германскиот министер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.