Од почетокот на епидемијата во Србија се регистрирани 1.768.343 случаи на заразени со коронавирус, а починале 13.991 заразено лице. Стапката на смртност е 0,79 отсто, објавено е на официјалната веб-страница, пишуваат медиумите во оваа соседна земја.
Епидемиолошката состојба во Србија анализираат медиумите не стивнува. Бројот на пациенти во болниците за ковид и оние што се на респиратори продолжува да расте, а се зголемува и бројот на смртни случаи.
На болничко лекување, во најтешка состојба, повеќето се постари од 70 години. Со поблага клиничка слика има сè повеќе заболени деца – кај најмалите често без симптоми.
Според последниот пресек, регистрирани се 10.602 случаи на инфекција со коронавирус меѓу 22.013 тестирани примероци, покажуваат податоците на веб-страницата covid19.rs. Како резултат на инфекцијата, починале 63 лица. Во болниците има 4.295 пациенти со ковид, од кои 154 се на респиратор.
Поради тешката епидемиска состојба, училиштата работат уште оваа недела, а потоа ќе започне продолжениот распуст кој ќе трае до 21 февруари.
Денеска учениците одат на училиште на стариот начин – пониските одделенија од основното училиште се во училишните клупи, а постарите основци и средношколци наставата ја следат по комбиниран модел – директно и онлајн наизменично.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.