Во Австрија повторно расте бројот на новозаразени со коронавирусот, откако во последните недели беше константно во пад.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 5.144 нови случаи на зараза со коронавирус и пет починати.

Бројот на новозаразени е зголемен за дури 69,5 отсто во однос на четвртокот минатата недела, кога имало уште 3.035 случаи.

Што се однесува до состојбата во болниците, во моментов се хоспитализирани 431 пациент со Ковид, а 39 се на интензивна нега.

Експертите причината за новото брзо ширење на инфекцијата ја гледаат во подваријантата на сојот омикрон.

Затоа дел од експертите побараа да се врати обврската за носење маски, за да се „спаси“ летната сезона.

Инаку, австриските власти пресметуваат дека наесен ќе следи нов бран коронавирус за кој ќе бидат потребни епидемиолошки мерки, а не сметаа на нов бран во текот на летото.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.