Советот на Европската Унија и Европскиот парламент донесоа одлука за забрана на забните пломби со амалгам што содржат жива, која ќе стапи на сила на 1 јануари 2025 година.

Сребрените или амалгамските пломби се основни во третманот на кариес со децении, пренесува Euroweekly news и додава дека за нивно производство се користени метали како сребро, калај, бакар и жива.

Од 2018 година, забрането е користење на амалгамски пломби за лекување на забите на деца под 18-годишна возраст и бремени жени.

Според Светската здравствена организација, живата е еден од 10-те производи или групи хемиски производи кои претставуваат посебни проблеми за јавното здравје, поради што се препорачани побезбедни алтернативи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.