Skip to main content

Законот за јавни набавки ќе биде поднесен во редовна постапка, ДКСК и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ со усогласен заеднички став

Група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието се состанаа со делегација на Државната комисија за спречување на корупција, предводена од претседателката Татјана Димитровска.

Како што брифираат оттаму, тема на состанокот беа предложените измени во Законот за јавните набавки, за што во конструктивна атмосфера биле разменети мислења за потребните реформи во делот на зајакнувањето на системот на управување со јавните набавки.

На состанокот бил усогласен заеднички став и тоа подносителите на измените на Законот истиот наместо во скратена да го поднесат во редовна постапка, а од своја страна ДКСК во меѓувреме да изготви анализа и мислење во врска со Законот за јавните набавки и да го достави до пратениците.

После состанокот групата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе измените на Законот за јавните набавки во редовна постапка, при што се очекува утврдувањето на потребата за носење на овој закон да се најде на дневен ред следната недела, на седницата закажана на 18 декември.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomistanbul escortistanbul escort