Министерот за здравство Беким Сали тврди дека нема инсулинска криза во државата.

Не треба да се паничи јавноста дека нема да има инсулин затоа што тендерот што е завршен, ние го обвезбедуваме со анекси за одредени типови на инсулини. Тоа не е само еден тип, тоа се повеќе типови на инсулин што ги обезбедуваме навремено. Така што, пациентите не треба да бидат загрижени за недостиг на инсулин или што било. Тендерот е веќе отворен, чекаме да поминат роковите што се неопходни за почитување на, односно, според законот за јавни набавки, рече министерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.