Министерот за здравство Беким Сали, во емисијата Клик Плус на ТВ21 зборуваше и за процесот на вакцинација во државата, при што истакна дека неодамнешната кампања со мобилните екипи била позитивна, но незадоволителна.

Последна активност за вакцините ни беше мобилните екипи кој што се движеа во 14 локации. До тој момент имавме 1500 до 2000 нововакцинирани неделно, односно со таа кампања достигнавме до 3500 неделно. Сметам дека кампања ја заврши својата работа, имаше позитивен одзив од граѓаните, незадоволителен, меѓутоа позитивен. За жал ние како држава сме снабдени врз основа на нашите проекции за таа бројка од 70 отсто вакцинирани која ни беше цел за заштита на нашите граѓани. Официјално се вакцинирани 46 отсто од населението. Серолошката анализа која што ја направивме испадна дека нашите граѓани се 75 отсто имунизирани по природен пат со прележување, што ни дава комфор дека може да се сметаме за имунизирана нација – рече министерот Сали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.