Фармацевтската компанија Модерна создаде експериментална вакцина која може да помогне во борбата против ракот, пишува Сан.

81-годишен старец со неизлечив карцином на кожа е првиот човек кој прими експериментална вакцина уште во октомври.

Неговиот идентитет не е објавен, но тој рече дека „се чувствува како да придонесува на нешто што може да им помогне на многу луѓе“.

Вметнатиот генетски материјал (гласник РНК) ги имитира маркерите пронајдени на површината на клетките на ракот и го „учи“ телото да се бори со нив“ – исто како што е случајот со пандемиските вакцини.

Д-р Дејвид Пинато и неговиот тим од Империал колеџ во Лондон тестираат сè за да видат дали вакцината е доволно безбедна за тригодишно глобално тестирање.

Тој се надева дека вакцината ќе може да ги лекува пред се ракот на кожата и белите дробови, а потоа и другите цврсти тумори како што се цревните тумори и туморите на дојката.

-Истражувањето е во рана фаза. Но, се доближуваме до терапии кои се потенцијално помалку токсични и попрецизни – изјави Пинато.

Д-р Кајл Холен од Модерна рече дека сите се возбудени поради првите резултати и дека се надева дека ова ќе воведе нова ера во лекувањето на ракот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.