Ако го јадете често, може да го наруши здравјето на овој орган

Омилено јадење за појадок на многумина им е сендвичот, во кој покрај салата, задолжително се става и малку месо, при што тоа обично е шунка.

Меѓутоа, експертите советуваа дека треба да бидете внимателно со овој производ. Зошто?

Покрај тоа што шунката содржи добри нутриенти, содржи и лоши, односно има една несакана последица – задржува вода во телото.

За да има шунката добар вкус, при правењето на овој производ, се додава многу сол, односно како што пренесува американското Министерство за земјоделство, во 85 г димена шунка има дури 830 мг натриум.

Па така, честото консумирање шунка доведува до задржување вода во телото, па затоа може да отекуваат стапалата, дланките или зглобовите.

Но тоа не е сè… Постојат многу последици од отекувањето. При прекумерното внесување сол во организмот, доаѓа до задржување вода, со што се прави притисок на крвните садови, кој пак го зголемува ризикот од инфаркт или мозочен удар.

Може да дојде и до губење калциум од коските, што на подолг рок може да предизвика сериозни проблеми со коските.

Исто така, големата количина на сол може негативно да влијае врз црниот дроб и бубрезите. Нутриционистите препорачуваат да јадете шунка во умерени количини, но и тогаш, треба да испиете поголема количина на вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.