Светската здравствена организација (СЗО) и СAД ја следат новата варијанта на коронавирусот САРС-КоВ-2. Моментално е непознато потенцијалното значење на бројните мутации.

СЗО одлучи да ја класифицира новата варијанта во групата варијанти под надзор, поради многу големиот број (повеќе од 30) генски мутации што ги носи, пишува организацијата во епидемиолошкиот билтен.

Досега новата верзија е пронајдена во Израел, Данска и САД.

Можните последици од мутациите BA.2.86 сè уште не се познати и се предмет на темелна анализа, велат од организацијата, предупредувајќи уште еднаш дека е важно да се продолжи со следење и информирање за да се добие точна и сеопфатна слика од пандемијата со Ковид-19.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.