Во Македонија најчеста причина за смрт кај жените е рак на дојка, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Според извештајот, во Македонија најчеста причина за смрт од малигни неоплазми кај жените во периодот од 2010 до 2022 година е малигната неоплазма на дојка.

извор: Институт за јавно здравје

Од малигна неоплазма на дојка во 2010 година починале 310 жени со стапката на морталитет од 30,0/100000 жени, во 2021 година 337 жени со стапка од 32,6 и во 2022 година 356 жени со стапка од 38,5 на 100000 жени, се вели во извештајот на ИЈЗ.

Октомври е месец на борба против рак на дојка, а пациентките со месеци, а некои и со години чекаат термин за ехо на дојка и мамографија. Лекарите пак постојано повторуваат дека откривањето на ракот на дојката во рана фаза може да спаси живот.

извор: Институт за јавно здравје

Од Здружението за цервикална патологија и колпоскопија и на Македонското лекарско друштво, изјавија дека до Министерството за здравство ќе предложат да се воведе т. н. Сина дијагноза, или Син термин, за да може да им се олесни животот на пациентите кои се веќе детектирани со малигни болести.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.