Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.558 реинфекции, скоро идентично во однос на претходната недела.

Заклучно со 30.01.2022 вкупно се регистрирани 6.494 реинфекции (2,4% од вкупен број заразени), од кои 17 се втори реинфекции односно 17 граѓани по трипати се заразиле.

13 лица кои по вторпат се заразиле починале при реинфекцијата, наведено е во неделниот извештај на ИЈЗ.

Досега во лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ се детектирани 255 пациенти позитивни на Омикрон варијантата (B1.1.529). Детектирани се и примероци со Делта сојот.

Пријавени се 148 смртни случаи во 26 градови во текот на изминатата недела, за 38,3% повеќе
во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (48).

Во однос на возраста, најголем број (n=132; 89,2%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (12), 40-49 години (2) и двајца починати на возраст меѓу 20 и 29 години.

Регистрирана е зголемена инциденца (број на заболувања на 100 илјади жители) во 30 градови во државата, а намалување на инциденцата во последните две недели се забележува во Крушево, Пробиштип, Прилеп, Охрид и Битола во однос на претходните 2 недели.

R0 (фактор на преносливост) се движи од 0,61 во Демир Хисар до 1,32 во Демир Капија. На државно ниво факторот R0 изнесува 1,00 односно еден заболен заразува 1 нов пациент.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.