Во целост ги поддржувам приватните специјализанти во барањата за покачување на примањата, согласно растот на платите.

Тие го бараат само она што и го заслужуваат.

Обезбедувањето на плата за приватните специјализанти за прв пат во историјата, беше плод на мојата соработка со нив додека бев министер. Одлуките за нивните права и барања секогаш ги носевме заедно во еден инклузивен процес. Тоа така мора да продолжи и во иднина. Приватните специјализанти треба да бидат платени и понатаму во согласност со растот на платите на лекарите.

Колешките кои работат со мене на оваа операција се специјализантките Катерина и Марина. Клучно за развојот на сите млади лекари е да им пренесуваме знаење. Но, тоа не е доволно, потребно е тие да бидат соодветно платени за својот труд. Од нивната работа зависи здравјето на граѓаните и денес и во иднина, објави на ФБ поранешниот министер за здравство, Венко Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.