Експерти од Европската агенција за лекови (ЕМА) позитивно ја оценија процедурата на клиничките испитувања на руската вакцина „Спутник V“ против коронавирус, соопштено е денеска во Москва.

Добивме позитивен заклучок од ЕМА во врска со клиничките испитувања“, изјави Денис Логунов, заменик-директор на рускиот Национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, за каналот на Соловиев на Јутјуб.

Овој центар при руското Министерство за здравство стои зад развојот на оваа вакцина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.