Состанокот на Комисијата за заштита на населението од заразни болести е во тек и се дискутира да се интервенира за влошената состојба со коронавирусот на начин што ќе се ограничи бројот на гости во угостителските објекти на 30 проценти исполнетост.

Според статистиката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска се очекува рекорден број на позитивни ковид -тестови. Се говори за бројка околу две илјади позитивени пациенти на ковид-19.

Комисијата предлага изолацијата за позитивните кои немаат симптоми да биде 7 дена наместо досегашните 10 дена. За тие со симптоми, ќе одлучува инфектолог. Уште не е завршен состанокот на комисијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.