„Телма“ објави фотографија на која се гледа редици пациенти на минусни температури како чекаат за ковид-тестирање пред поликлиниката Ѓорче Петров во Скопје. Фотографијата е направена после 8 часот.

Само вчера се регистрирани 813 новозаразени од корона, што е рекорден број на нови пациенти регистрирани во понеделник од почетокот на пандемијата (во недела се прават најмалку тестирања).

Според министерството за здравство новиот микрон сој е присутен кај 68 % од заразените изминатата недела. Во периодот од 5 до 10 јануари е направено секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци на коронавирус, а кај 104 од нив е детектиран омикрон сојот.

Институтот за јавно здравје соопшти дека во последните 7 дена имало речиси илјада реинфекции односно пациенти кои по вторпат се заразиле со корона. Зголемен е и бројот на болничко третирани пациенти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.