Двајцата пациенти кај кои беше извршена трансплантација на органи од починат донор се во добра општа состојба.

Овие денови за нив се грижеа медицинските тимови на Клиниките за нефрологија, урологија и КАРИЛ. Интервенциите се успешни, со уреден постоперативен тек и пациентите се веќе пуштени на домашно лекување. Им посакуваме успешно закрепнување, вели проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за транплантација.

Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа.

Огромна благодарност за сите медицински тимови и болнички координатори вклучени во трансплантацијата, велат и од Министерството за здравство.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.