Врие денес „мрежата” од наслови кои соопштуваат дека четири лица починале од Ковид-19 минатата недела! Сите лажат! Не починале ОД Ковид-19. Починале СО Ковид-19, реагира епидемиологот д-р Драган Даниловски, откако ИЈЗ повторно почна да споделува извештаи за заразени лица.
Во извештајот на Институтот за јавно здравје јасно и разбирливо си пишува:
„Во текот на минатата недела (09-15.09.2024), пријавени се 4 починати лица асоцирани со КОВИД-19, од Скопје (2), Битола и Тетово. Сите починати лица се на возраст над 70 години, 3 од нив се починати во болнички услови, а кај 3 лица се регистрирани коморбидитети. Сите лица се
невакцинирани против КОВИД-19.”
Што значи ова?
Ова значи дека починале од некоја своја хронична болест (тоа е основната причина за смрт), а Ковид-19 бил само придружна (асоцирана) состојба (болест) која го забрзала настапувањето на смртта.
А тоа понатаму значи:
Ковид-19 не смее да се наведе како ,,основна причина за смрт”, туку само како ,,асоцирана” (придружна).
Накратко:
Ниту еден од четирите починати минатата недела не умрел од Ковид-19! (Иако биле заразени!)
Медиуми, портали, поединци и други, не вознемирувајте го народот со лажни вести!
Намерно ли е тоа или од незнаење?
Сменете ги насловите, „ако ви е вистината мила”!, апелира тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.