Противпожарната служба на Анталија наведува дека Ајфер (15) била извлечена од урнатините во 99. час по земјотресот, а нејзината сестра Фатма (13) била спасена два часа подоцна.
Спасувачите со помош на сеизмички сензори открија знаци на живот под урнатините и спроведоа 10-часовна спасувачка операција за да стигнат до местото каде што се наоѓа Ајфер, пренесува CNN.
Пожарникарите разговарале со Ајфер во обид да ја задржат свесна. Таа рече дека пропуштила да јаде сладолед и ветија дека ќе и донесат кога ќе биде безбедно надвор.

Ја пуштија и музиката што таа ја побара. Пожарникарите патувале околу 800 километри од Анталија за да се приклучат на спасувачките напори во Кахраманмарас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.