Започна реконструкцијата на најоштетениот дел од патот Градско –Чичево во должина од 500- тини метри- информира градоначалникот на општина Градско, Киро Нацков.

Овој патен правец се реконструира со средства од Бирото за регионалан развој преку Центарот за развој на Вардарски плански регион со вкупна вредност од 6 062 545 денари. Изведувач на градежните актиовности е Друштвото за производтсво, трговија и услуги ОСД Кирил ДООЕЛ експорт-импорт Скопје.Општина Градско учествува со 700 000 денари во вкулната вреднсот.

Во септември минатата година беше реконструиран и патот од с.Чичево до манастирот „Св. Архангел Михаил“ кој е значаен дел од сакралното и културното наследство на општината и мошне посетено излетничко место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.