Православните верници утре, 19 декември, го слават Свети Никола, слава која ја одбележуваат најмногу семејства во Македонија. Именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле…Во целото христијанство се почитува како светител и чудотворец кој за животот ги подучувал луѓето, лекувал, им помагал на сиромасите.

Многумина не знаат, но Свети Никола станал заштитеник на морнарите затоа што својот имот го користел за откуп на заробениците. На овој ден сите бродови каде и да се наоѓале ги спуштале сидрата и до следниот ден одморале, оддавајќи му почит на тој начин на овој светител.

На овој ден според традицијата никако не треба да перете алишта, да се чисти куќата и да се прават било какви домашни работи.

Конзумирање на мрсна храна на овој ден не доаѓа предвид, бидејќи во тек е Божикниот пост, а игнорирање на задолжителниот пост е строго забрането!  На трпезата нека доминираат посна сарма, посно гравче, риба.

Во некои краеви се одржал обичајот да им се подаруваат подароци на децата бидејќи Свети Никола е нивен заштитник. Затоа, ако се добри децата израдувајте ги денеска со некаков ситен подарок – тие ќе бидат среќни, вам ќе ви биде убаво, а како што вели народот – така треба.

Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.