Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, главно во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува, информираат од УХМР.

Утринските температури се движат од 5 до 10 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот од 10 до 17 Целзиусови степени.

И во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, а температурата ќе се искачи до 16 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.