Времето денеска ќе биде сончево со умерена, а во јужните делови повремено со значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 28 степени.

Според УХМР, следува период на стабилно време со умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во рамки на просекот за овој период од годината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.