Температурите, особено за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе бидат во значителен пораст и ќе бидат натпросечно високи, па така максималните дневни температури на воздухот на повеќе места ќе надминат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат и до пролетни 18 степени. Ќе има места каде температурата ќе достигне дури и до 20 степени, информира Славчо Попоски.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, со значителен пораст на температурите за време на викендот, како и во почетокот на следната седмица.

Судејќи барем според моменталните анализи, враќање на зимата и на снегот во Европа, Балканот и во Македонија се очекува по 10 февруари, па така од средината на овој месец, па се до крајот на истиот треба да биде постудено од вообичаеното со потпросечни температури на воздухот, што значи дека слободно можеме да кажеме дека далеку сме од тоа да и кажеме збогум на зимата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.