Вечерва се надоврза и главниот и најажурен прогностички модел, Европскиот центар за среднорочна прогноза (ECMWF) и тоа околу можноста за есенско-зимско сценарио кај нас, но и ширум регионот како и во поголемиот дел од Европскиот Континент од средината, како и во втората половина на овој месец.

Се поизвесно е дека промената на времето ни доаѓа наредната седмица, а веќе во периодот од 15 па се до 22 Април би имале и поладно време, понекаде дури и со потпросечни температури, но и почести врнежи. Поради падот на температурите, понекаде во Европа  и кај нас на Балканот би можел да се појави дури и пролетниот снег, особено секако на планинските места.

Не се исклучува можноста снежната граница да се спушти и нешто пониско, во зависност од тоа како би се движел ладниот воздух кој би се спуштил преку Атлантикот  и од северозападот на Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.