Во организација на Сојузот на спортови на Скопје и под покровителство на Град Скопје, денеска претпладне во главниот град ќе се одржи 12. издание на „Авицена женска трка“.

Стартот на трката е во 10 часот од бул. „Илинден“, во близина на фонтаната „Лотос“, а учесничките ќе трчаат три километри. Пред почетокот, во 9:40 часот, предвидено е загревање со аеробик вежби.

Поради одржување на трката, од 9 до 11 часот  ќе има посебен сообраќаен режим на булеварот „Илинден“.

И оваа година има голем број пријавени за трката. На сите учеснички им посакуваме среќа, соопштија организаторите на „Авицена женска трка“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.