– Во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје денеска ќе се одржи 11. издание на Авицена женска трка. Стартот и целта на трката ќе бидат на булевар „Илинден“, во близина на фонтаната „Лотос“. Се трча еден круг од три километри.

Право на учество имаат сите припаднички на женскиот пол без ограничување на возраст.

Според програмата, во 9:40 часот е предвиден аеробик за загревање, а во 10 часот е стартот на трката на три километри. По прогласувањето на најдобрите учесници, ќе има и лотарија.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека поради одржувањето на трката ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот на булеварот „Илинден“.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Трката ќе се одвива по следната траса – од булевар „Илинден“ пред фонтана „Лотос“ (старт и цел) до крстосницата со булевар „8 Септември“ каде се врти полукружно назад по булевар „Илинден“ до целта кај фонтана „Лотос“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.