Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во источните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Минималната температура е во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени Целзиусови.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура се спушти до 8, а максималната ќе достигне 27 степени Целзиусови.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и топло време со појава на мала до умерена облачност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.