Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и кон крајот на денот, во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од – 6 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб југоисточен ветер.

Утре претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб јужен ветер.

Во Скопје претпладне со услови за појава на магла, преку денот сончево со умерена облачност.

Дневните температури ќе се движат до 3 до 12 Целзиусови степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.