Пожар зафати денеска објект и сува трева во Росоманско. Оваа информација попладнево ја потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица во Кавадарци.

– Веднаш по пријавата за настанат пожар, на лице место интервениравме со две возила и пет пожарникари и во најбрзо можно време го локализиравме пожарот и го ставивме под контрола, рекоа од Противпожарната единица.

Оттаму апелираа до населението за внимателност, со цел превентивно да се влијае и да се избегнат пожари. Особено поради фактот, што во претходни неколку случаи на пожар, причината за нивно настанување бил човечкиот фактор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.