Прилеп е зафатен од нестабилна воздушна маса, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град.

Попладнево, подолго време се задржа поголема нестабилност во Мариово со појава на грмежи, врнежи од дожд и град, информираа од УХМР.

Во западните делови има зголемена облачност, а помали јадра на нестабилност има во околината на Кичево и Македонски Брод.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.