Поради влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, но и поради големата енергија во Атмосферата, денес во попладневните и во вечерните часови, како и утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ДОСТА ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Поради ваквата состојба препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ. И во Скопје и околината ќе има услови за локално НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со локална појава на град. Услови за изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има и во деновите по утрешниот ден. Сепак и покрај најавата за силно невреме, тропските горештини и понатаму ќе се задржат во Македонија, па така температурите како денес , така и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.