Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура е во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени Целзиусови.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 26 степени Целзиусови.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните денови ќе се задржи релативно топло време.

Промена на времето се очекува в среда со повремен локален дожд, а в четврток наместа пороен со појава на грмежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.