Времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег каде снежната покривка ќе се зголеми. Наместа и особено во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 9 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Во петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од недела ќе има локални врнежи од дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.