АД ЕСМ вчера произведе 17.532 мегават часа електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата.

При тоа, како што нагласуваат, во термоелектраните се произведени 13.167, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 4.365 мегават часови електрична енергија.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 850 мегават часа електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата, соопштија од Владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.