Најстудено е утрово во Берово со -5 степени, на Попова Шапка се измерени -4, во Крива Паланка, Куманово и Штип -2, а во Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, Струмица, Виница -1 степен. Нула степени се измерени во Лазарополе, Демир Капија, Крушево, еден степен во Прилеп, два во Тетово, Охрид, Дебар, три степени во Дојран, а четири во Битола и во Гевгелија. Максимални пет степени се измерени во Претор.

Во текот на ноќта беше променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Утрово во источните делови е сончево, а зголемена облачност има во западните и северозападните делови. Во Преспанската котлина има појава на магла. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Претпладне ќе има ниска облачност, а од пладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и посвежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје претпладне значително облачно, преку денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.