Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со свежи утра, со појава на мала до умерена облачност и со благо покачување на дневната температура, соопшти УХМР.

Во недела од крајот на денот ќе се зголемува облачноста и во понеделник ќе преовладува претежно облачно време со умерен до повремено пороен дожд, појава на грмежи и засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

Утринските температури ќе бидат во интервал од 10 до 20, а максималните дневни ќе достигнат до 36 степени.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.