Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северозападен, а во западните делови умерен западен ветер. Попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Доцна попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 34 степени Целзиусови.

УХМР најавува дека и утре ќе се задржи сончево и топло време, а во попладневните и вечерните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од понеделник ќе има стабилизирање на времето со благ пораст на дневните температури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.