Поради замена на вентили по шахти на улица „Мите Богоевски“ бб, прекинато водоснабдување имаат корисниците на оваа улица од раскрсницата со „Илија Димовски – Гоце“ до каналот, потоа на „Жорж Бизе“, како и на уличките број 1, 3, 5, 7, 2 и 4 во скопската населба Лисиче.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје водоснабдувањето е во прекин од 08:30 часот, па до завршување на зафатот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.