Времето денес ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност.

Во планинските региони ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени, јавува УХМР.

Во Скопје времето денес ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Под влијание на нов влажен бран во понеделник попладне и во вторник времето ќе биде облачно, на повеќе места со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и поројни со појава на ретки грмежи.

Температурата во вторник ќе биде во опаѓање, а на планините и во некои од повисоките места врнежите ќе бидат претежно од снег.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.