Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени Целзиусови.

Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 18 степени Целзиусови.

Утре ќе дува засилен ветер од јужен правец (на повеќе места со брзина над 60 километри на час) и ќе се задржи релативно топло време.

Од недела кон крајот на денот и во текот на работната седмица, под влијание на серија влажни бранови ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на повисоките планини ќе врне снег. Во ноќните часови кон понеделник локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Дневната температура од понеделник ќе биде во опаѓање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.